Кинеското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека најавената средба закажана за денеска меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот јапонски колега на маргините на состанокот на АСЕАН во Камбоџа е откажана.
„Кинеската страна е длабоко незадоволна од заедничката изјава на Групата седум економски сили за Тајван“, рече Хуа Чунјинг, портпарол на Министерството, на редовниот брифинг за медиумите.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7, вклучително и Јапонија, ја повикаа Кина во средата да ги реши тензиите околу Тајванскиот теснец на мирен начин, пренесува Ројтерс.