Background

Кина и Русија планираат да изградат нуклеарен реактор на Месечината

Прелиминарните планови за Меѓународната станица за истражување на Месечината (ILRS), која заеднички ја развиваат Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината, покажа презентацијата на кинески вселенски претставник во средата.

Презентацијата ја одржа Пеи Жаоју, главен инженер на кинеската мисија Chang’e-8 планирана за 2028 година и покажа дека енергетскиот систем на идната база, освен на нуклеарна енергија, може да се потпира и на големи соларни панели кои ќе се инсталираат на површината на Месечината.

Мисијата Chang’e-8 претставува клучен чекор во амбициозниот план на Кина за изградба на постојана човечка база на Месечината. Кина, втората по големина економија во светот, планира да стане водечка сила во истражувањето на вселената и да испрати астронаути на Месечината до 2030 година.

- Advertisement -
Ad image

Времето на кинеската изградба на станица на јужниот пол на Месечината се совпаѓа со американската програма Артемис, предводена од НАСА и која има за цел да ги врати американските астронаути на Месечината до декември 2025 година.

Академик Ву Веирен од Кинеската академија за инженерство и главен дизајнер на кинеската лунарна програма минатата година изјави дека „основниот модел“ на станицата ILRS, со центар на јужниот пол на Месечината, треба да биде завршен до 2035 година. Лансирањето на лунарната сонда Chang’e ќе го означи почетокот на изградбата на тој основен модел.

Во следните фази, Кина планира да го започне таканаречениот „Проект 555“, кој ќе покани 50 земји, 500 меѓународни научно-истражувачки институции и 5.000 странски научници да се приклучат на иницијативата ILRS.

Овие планови дополнително ги зајакнуваат амбициите на Кина во трката за доминација во вселената, особено во контекст на стратешката конкуренција со САД, која станува се поизразена и на Земјата и пошироко, пишува Ројтерс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation