Кина го поддржува Иран во заштитата на својата безбедност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кина го поддржува Иран во заштитата на сопствените „суверенитет, безбедност и национално достоинство“, му рекол кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери Кани, во денешниот телефонски разговор, објави Ројтерс.

За време на повикот, Ванг Ји ја потврди осудата на Пекинг за убиството на шефот на политичкото биро на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран на 31 јули, нагласувајќи дека нападот го нарушува суверенитетот на Иран и ја загрозува регионалната стабилност.

– Кина го поддржува Иран во заштитата на сопствените суверенитет, безбедност и национално достоинство според законот, како и во неговите напори за одржување на регионалниот мир и стабилност, а исто така е подготвена да одржува блиски контакти со Иран – рече кинескиот министер.

Share This Article