Кина ги повика сите страни да се вклучат во дијалог во врска со војната во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика сите страни да се вклучат во дијалог и консултации за да се најде начин за решавање на безбедносните прашања, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот од, како што рече, „нуклеарна уцена“, додека западните земји повикаа на продолжување на помошта за Украина. .

Позицијата на Кина за Украина е конзистентна и јасна, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин на редовниот брифинг за медиумите во средата, пренесува Радио Слободна Европа.

Делумната мобилизација што ја најави Владимир Путин е обид за дополнително ескалирање на војната што ја започна Русија против Украина и е дополнителен доказ дека Русија е единствениот агресор, изјави чешкиот премиер Петр Фила.

Неопходно е да и помогнеме на Украина и во наш интерес мора да продолжиме со тоа, додаде Фила.

Русија ќе се обиде да ја уништи Украина и да ги промени нејзините граници, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, коментирајќи ја делумната мобилизација што ја најави Москва.

Ќе направиме се што можеме со нашите сојузници, за НАТО уште повеќе да ја поддржи Украина за да може да се брани, рече тој и ги повика западните сојузници на поголема помош за Киев.

Говорот на рускиот претседател Владимир Путин претставува загрижувачка ескалација и заканите што тој ги упати мора да се сфатат сериозно, изјави британската министерка за надворешни работи Џилијан Киган за Sky News.

Очигледно, тоа е нешто што би требало да го сфатиме многу сериозно бидејќи, знаете, ние не контролираме, не сум сигурен дека тој навистина е. Ова е очигледно ескалација, рече Киган.

Share This Article