Руските увозници се соочија со нов и многу сериозен проблем. Имено, Кина почна да одбива руско плаќање во јуани купени во Русија. Банките и платежните агенти, кои помагаат во трансферот на пари преку трети земји, се плашат да работат со тие пари.
Според финансиските експерти, постојат два вида кинеска валута во Русија. Едниот е „чистиот“ јуан што се купува во странство, а другиот е „валканиот“ што се купува во Русија. Токму „валканиот“ јуан станува товар за Кина.
Реакцијата на банките и платежните агенти дојде по санкциите на САД против Московската берза и азиските подружници на најголемите банки. Оттогаш нагло се намали бројот на кинески банки кои се подготвени да примат пари од Русија.
Се зголемува и бројот на агенти кои одбиваат да посредуваат при трансферот на јуани. На почетокот нивните услуги беа многу барани и покрај тоа што тоа значеше зголемување на деловните трошоци. Сега агентите сакаат да работат само со „чист“ јуан.
Агентите се подготвени да прифатат рубљи и самите да ги претворат во „чист“ јуани, но тоа е многу скапо за клиентите.
Во Кина има малку луѓе кои се подготвени сами да прифатат рубљи, пишува Москва тајмс.