More

    Кина евакуира цела провинција, на Тајван се бараат исчезнати по вчерашниот удар на тајфунот

    spot_img

    Источната кинеска провинција Фуџијан евакуираше повеќе од 150.000 жители поради очекуваниот удар на тајфунот Гаеми, соопштија денеска властите.

    Властите соопштија дека 73 патнички фериботи нема да испловат, а откажани се 97 летови, повеќе од 29.000 луѓе кои работат на рибарски сплавови се засолниле на брегот, 733 рибарски чамци се вратиле во пристаништата, а околу 3.200 луѓе биле евакуирани на брегот од бродовите, соопшти провинциската канцеларија за контрола на поплави.

    Вчера при ударот на тајфунот во Тајван загинаа 3 лица, а властите денеска продолжуваат со потрагата по деветте членови на екипажот на бродот што потона вчера во близина на јужниот брег на островот.

    Еден од загинатите е мотоциклист кој бил погоден од дрво поради силниот ветер, додека стотици луѓе се повредени на истокот од островот, соопштија властите.

    Во исто време продолжува потрагата по девет државјани на Мјанмар кои работеле на танкерот во Тајван.

    Над 8.000 луѓе се евакуирани, додека околу 200 летови се одложени, според властите.

    Училиштата и канцелариите денеска ќе бидат затворени на островот, откако во средата беа затворени сите институции.

    Се очекува тајфунот во текот на денот да ја погоди кинеската провинција Фуџијан, која веќе се справува со поплави и врнежи.

    Неколку железнички оператори во Кина исто така ја прекинаа работата.

    Осум лица загинаа на Филипините, а работата и наставата беа прекинати, додека тргувањето со акции беше прекинато.

    Во главниот град Манила, дом на речиси 15 милиони луѓе, вчера беше прогласена вонредна состојба поради тајфунот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img