Ким Катрал, најпозната по улогата на Саманта Џонс во легендарната серија „Сексот и градот“, одговори на гласините дека ќе се појави во новата сезона на спин-офот „And Just Like That…“.
Ким конечно даде одговор на прашањето дали се враќа како славната Саманта.
Ким се откажа од снимањето на продолжението на серијата, а сето тоа поради конфликтот со Сара Џесика Паркер, наводно поради неправедната распределба на хонорарите.
За нивното несогласување се пишуваше со години, а Ким дури еднаш ја нарече „лицемерка“ откако Сара изрази сочувство за смртта на братот на актерката.
Продукциската куќа Ејџ-би-о понуди огромна сума за Катрал да се согласи да сними само еден кадар во новото продолжение „И баш така…“ во кој телефонски разговара со Сара, но одвоено од трите колешки.
Обожавателите се надеваа дека можеби ќе дојде до помирување, а еве што Ким имаше да каже на оваа тема.
– Љубезно е од вас што сакате да се вратам, но јас не се враќам. Ова е до каде ќе одам. Никогаш нема целосно да се збогувам со ликот на Саманта, таа ми даде толку многу и многу ја ценам – изјавила Ким, а пренесува „Еонлајн“.