More

    Ким Кардашијан со нов имиџ, изгледа идентично како новата сопруга на Канје Вест

    spot_img

    Ким Кардашијан имаше бројни трансформации на изгледот, но со новата промена речиси ги надмина сите претходни. Старлетата позираше со кратка коса и ултра тенки веѓи, како што се носеле во деведесеттите. На Инстаграм многумина ја споредуваат со новата сопруга на Канје Вест, Бјанка Ценсори, која претходно ја нарекуваа нејзина копија. Дали кругот се сврте?

     

    Новите фотографии на Ким Кардашијан се од 10-тото издание на „СР Фешн бук“ (CR Fashion Book). Таа позираше и за првото издание и се заблагодари што повторно е избрана.

    „Никогаш немој повеќе да го правиш ова“, „Изгледаш како Бјанка, чудно е“, „Кратката коса не ти стои“, „Личиш на Бјанка“, коментираат за трансформацијата на инстаграм-профилот на Ким Кардашијан.

     

    Други додаваат дека Ким Кардашијан е критикувана што и да направи, спротивставувајќи се на критиките велејќи: „Изгледаш прекрасно“.

     

    Иронијата е што долго време се зборуваше дека Канје Вест сака да ја претвори Бјанка Ценсори во поранешна сопруга Ким, по стил и изглед, а сега се коментира дека Ким ја копира сегашната сопруга на раперот. Можеби ова не е изненадувачки со оглед на тоа што модните изданија на Бјанка се исклучително популарни.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img