Ким Кардашијан прогласена за Маж на годината!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (43) заврши на насловната страница на 28. издание на „Мажи на годината“ на магазинот „ЏејКју“, а со тоа се пофали на својот профил на Инстаграм.

На насловната страница Ким позираше во црн костум и бела кошула со пруги. Аутфитот го комплетираше со машка вратоврска.

Во едната рака држела чипс и со усните го лиже прстот од другата рака. На другите фотографии, Ким позирала во канцеларија додека зборува на телефон, со залижана коса. Со сериозно лице гледа настрана, а на раката носи машки прстен. Ким исто така позирала и во женски костим, долг црн фустан со реси, во теретана и во широко машко плато покрај апаратот за вода. Следбениците беа одушевени од Кардашијан и нејзиниот, како што велат, деловен потег.

 

– Така е кога веќе нема вистински мажи, па тогаш жените се главни; Ова е нејзиниот најболен деловен потфат досега; Ким ти си вистински шеф – напишаа обожавателите под фотографијата.

Во интервју за магазинот, таа зборувала за разводот со Канје Вест, каде истакнала како разводот на нејзините родители влијаел на некои постапки во нејзиниот сопствен развод.

– Се сеќавам дека беа отворени… На крајот, она што е важно е децата да се чувствуваат сакано. Во ред е да се покаже ранливата страна – рекла таа. Старлетата додала дека на сè во животот гледа како на лекција.

– Работите се случуваат токму онака како што треба и ве носат токму таму каде што треба – заклучила таа.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article