Ким Кардашијан позира топлес во шорцеви

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската старлета Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието со тоа што позираше топлес во новата кампања на нејзиниот бренд „СКИМС“.

Со оваа кампања сакала да ги имитира винтиџ рекламите на „Ленџ ски“. На фотографиите позирала облечена во ретро шорцеви, а градите ги покрила само со лизгалки. Старлетата се одлучила за руса боја на коса и винтиџ шминка.

 

Инаку, „Њујорк тајмс“ објави дека брендот „СКИМС“, според последната проценка, вреди четири милијарди долари. Во 2021 година, магазинот „ВСЈ“ ја прогласи Ким за иноватор на годината.

„СКИМС“ во последно време привлекува многу внимание и добива многу пофалби. Па така, неодамна во нејзината кампања се појавија и неколку познати лица меѓу кои и актерката Ким Катрал, позната по улогата на Саманта во серијата „Сексот и градот“.

Покрај Катрал, во кампањата се појавија и Хари Неф, Нели Фуртадо, Коко Џонс и Лана Кондор.

 

- Advertisement -
Ad image

Ким неодамна беше на мета на критики од страна на обожавателите поради костимот на нејзиниот син Сент за Ноќта на вештерките. Имено, тој се маскирал како „зомби верзија“ на фудбалерот Нејмар, а неговиот другар како Лионел Меси.

Тие биле облечени во искинати дресови и покриени со лажна крв, за што многумина сметале дека е несоодветно во овој момент, додека многу луѓе, особено деца, гинат во војната помеѓу Израел и Појасот Газа.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article