More

    Ким Јонг Ун се одмаздува за дроновите

    spot_img

    Војската на Северна Кореја планира да ги минира патиштата што водат од земјата кон Јужна Кореја, по значителната ескалација на реториката меѓу двете земји во изминатите неколку недели.

    Од северниот дел на Корејскиот полуостров ги обвинуваат своите јужни соседи дека користат дронови за испраќање „пропаганда“, критикувајќи го владеењето на Ким Јонг Ун.

    Забележани се севернокорејски војници како ги минираат патиштата, што беше најавено во претходните обраќања на лидерот на оваа земја.

    Пјонгјанг веќе најави дека ќе ја зајакне одбраната од беспилотни летала и ги предупреди соседите дека континуираното влегување на беспилотни летала во Северна Кореја може да значи „вооружен конфликт“.

    И Јужна Кореја ја зајакна одбраната од беспилотни летала, особено од 2022 година, кога на небото над Сеул беа забележани неколку севернокорејски беспилотни летала.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img