Севернокорејскиот лидер, Ким Jонг Ун, денеска присуствуваше на тестирање дронови камикаѕе и нареди масовно производство на ова оружје.
Ким истакна дека е неопходно што побргу да се изгради систем за сериско производство и да се почне масовно производство на дронови камикаѕе.
Тој додаде дека во светот се зголемува употребата на беспилотни летала за воени цели и оти воените власти веројатно ќе го препознаат нивниот успех во конфликти од различни размери.
Беспилотни летала камикаѕе честопати се користат во војните во Украина и на Близок Исток.