Ким Јонг Ун како од пушка спремен за доаѓањето на рускиот лидер

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руски воени концерти се емитуваат на државната телевизија во Северна Кореја додека на улиците во главниот град Пјонгјан се постилаат црвени теписи, транспаренти покрај патот и други украси. Тамошниот претседателот Ким Јонг Ун го чека рускиот колега Владимир Путин иако е извесно дека Путин ќе стигне дури за неколку часови од сега.

„Пријателството меѓу Северна Кореја и Русија е вечно“, пишува на еден транспарент пред меѓународниот аеродром Сунан во Пјонгјанг.

„Ние срдечно го поздравуваме другарот руски претседател Владимир Владимирович Путин“, вели друг.

Што сака Путин од Јонг-Ун? Прво, на Путин му треба муниција за да ја одржи својата воена машина во Украина, пишува Би-Би-Си во своја репортажа.

– Мораме да запомниме дека тој ја започна оваа врска врз основа на неговата потреба од артилерија, муниција и ракети за неговата инвазија на Украина и тој ќе ги задржи овие потреби некое време – вели Брус Бенет, висок одбранбен аналитичар во корпорацијата РАНД во САД. 

Џефри Луис, експерт за Северна Кореја од Институтот за меѓународни студии Мидлбери, се согласува велејќи: „Русија добива многу евтино оружје, вклучително и балистички ракети“.

Надвор од одбраната, зајакнувањето на односите со Северна Кореја исто така игра во напорите на Путин да ги поткопа меѓународните санкции, велат аналитичарите.

Каде ќе спие Путин во Северна Кореја пред утре да се упати кон Виетнам?

Има извештаи дека Путин ќе престојува во гостинската куќа „Кумсусан“ во Пјонгјанг, каде што беше сместен и кинескиот лидер Си Џинпинг за време на државната посета на Северна Кореја во 2019 година во 2019 година.

Замокот се наоѓа во близина на палатата Кумсусан на сонцето, каде што лежат таткото на Ким Јонг Ун, Ким Јонг Ил и дедото Ким Ил Сунг.

Во 2000 година Путин се сретна со таткото на Ким Јонг Ун, Ким Јонг Ил.

Непосредно пред посетата на Северна Кореја, рускиот претседател Путин му се заблагодари на Пјонгјанг за поддршката во борбата против Украина.

Во меѓувреме, десетици севернокорејски војници ја преминаа границата со Јужна Кореја, а потоа се повлекоа откако беа предупредени, соопштија воени претставници во Сеул.

„Десетици севернокорејски војници ја преминаа воената демаркациона линија и се повлекоа на север откако беа испукани предупредувачки истрели од југ, според официјални извори“, пренесе Бета.

Share This Article