More

    Ким и Клои го одземаа здивот на сите присутни

    spot_img

    Ријалити ѕвездите Ким и Клои Кардашијан ги покажаа своите највпечатливи изданија додека го напуштаа хотелот во саботата на вториот ден од свадбата вредна 250 милиони фунти на синот на индискиот милијардер, Анант Амбани.

    Ким Кардашијан (43) блесна во традиционално здолниште украсено со многу монистра, додека Клои Кардашијан беше во драматично розово издание.

     

    И двете носеа традиционални индиски костими, но на многу попровокативен начин. Ким дури се појави во кристален градник.

    Додека Ким и Клои се подготвуваа да одат на таканаречената церемонија на „божествени благослови“, сестрите беше тешко да не се забележат во нивните екстравагантни облеки.

    Да потсетиме, пред неколку дена официјално започна венчавката на индискиот милијардер Анант Амбани и неговата долгогодишна девојка Радика Мерчант и сите светски и индиски медиуми со денови пишуваа за оваа свадба. Екстравагантните предсвадбени прослави веќе привлекоа големо внимание.

    Инаку, деталите за венчавката се чиста екстраваганција – од храната што се служеше до дрескодот кој им бил испратен на гостите на девет страници.

    Она што особено шокираше многумина е фактот што испратија хеликоптери да земат одредени гости.

    Меѓу гостите беа Бил Гејтс, Хилари Клинтон и Марк Закерберг кои присуствуваа на свадбата на сестрата на младоженецот во 2018 година.

    Невестата има 29 години и е ќерка на милијардерот Вирен Мерчант, кој е извршен директор на приватната медицинска компанија „Encore Healthcare“. Анант Амбани (28) е најмладиот син на Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Индија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img