Вистински хаос се случува вечерва на грчката граница. За влез во Македонија од грчка страна се колони возила во три ленти и се чека по три и повеќе часа за да се помине преминот „Евзони“, пишува Република.
Граѓаните кои чекаат на граничниот премин велат дека не знаат што се случува, но дека возилата се пропуштаат многу бавно.
Никој официјално не информира на што се должи застојот.