Продолжениот викенд поради 2 Август – Илинден, го испразни Скопје.
Колоната долга од 2 километри на правата патарина на излез кон Тетово е доказ дека главниот град следниот викенд ќе остане празен.
Фотографијата е направена од снимките што во реално време ги прикажуваат камерите кај наплатната рампа Тетово-Гостивар.
Стотици возила се упатуваат кон Охрид, но и кон другите места во западниот дел од земјава.