Славниот холивудски актер Кијану Ривс вечерва ќе настапи со својот бенд „Догстар“ на Арсенал фест што ќе се одржува до 29 јуни во просторот на Кнежевскиот арсенал во Крагуевац.
Холивудската суперѕвезда имала и одредени барања, таканаречената „рајдер листа“, за концертот со бендот во рамките на Арсенал фест. Таа е, би се рекло, многу скромна, што не е случај кога се во прашање ѕвезди од неговиот калибар.
Иако е најпознат како актер, холивудската ѕвезда Кијану Ривс пристигна во Крагуевац како бас гитарист на бендот „Догстар“.
– Мислам дека ова е една од поскромните „рајдер листи“ што лично сум ги прочитала. Во суштина, првото нешто е дека сè мора да биде чисто, без разлика дали е чист мраз, чист тоалет или чиста соба, тоа им е најважно. Интересно е што, за разлика од останатите рок бендови, бараат безалкохолно пиво и ладно саке, које е јапонски пијалак и обично не се наоѓа на „рајдер листата“. Овошјето и сè друго, покрај кокосовата вода, која стана стандард меѓу „рајдерите“, може да се најде на продажба овде. Сите други барања се повеќе од скромни. Да има чисти крпи… – рекла Маја Цветковиќ, членка на групата „И-плеј“ и организаторка на Арсенал фест за емисијата „Експлозив“ и додала дека има и неколку луѓе од обезбедувењето што е стандардна процедура кога се во прашање толку големи ѕвезди.
– Една поголема ставка е обезбедувањето. Тој е свесен дека тука мора да има силно обезбедување.