More

    Киев бара целосно повлекување на руските трупи пред какви било разговори

    spot_img

    Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина пред да има какви било преговори, соопшти Министерството за надворешни работи во Киев, како одговор на повторените понуди на Москва за преговори во последно време, јави ДПА.

    – Единствениот реален предлог би бил итен прекин на војната на Русија против Украина и повлекување на руските вооружени сили од украинските територии. Ако Русија навистина сака да преговара, мора да престане да ја уништува енергетската инфраструктура на Украина. Не можете да сакате да преговарате и истовремено да бомбардирате украински станбени области, да мобилизирате 300.000 резервисти и да го блокирате извозот на жито – изјави портпарол на украинското МНР.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Русија и понатаму е подготвена да преговара со своите западни партнери за Украина.

    – Руското раководство, вклучително и претседателот Владимир Путин, останува подготвено за преговори за Украина – рече Лавров во интервју за локална телевизија што го пренесе државната новинска агенција ТАСС.

    Тој рече дека разговорите би биле можни доколку на Москва и се пристапи со, како што рече, реални предлози засновани на принципите на еднаквост и почитување на меѓусебните интереси, насочени кон изнаоѓање компромис и балансирање на интересите на сите земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img