More

    КФОР: На косовските сили им треба наша дозвола за да влезат на север

    spot_img

    Во врска со известувањето дека српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на српската армија Милан Мојсиловиќ пред неколку дена ги посетиле единиците на вооружените сили распоредени во Рашка, на околу два километри од административната линија со Косово, КФОР објави дека „корисно е да потсетиме дека на српската армија не и е потребна дозвола на КФОР за движење и обука на територијата на Србија“.

    Војската на Србија, според постоечките договори, е должна да го извести КФОР само доколку планира да се приближи до административната линија поблиску од илјада метри“, потсетуваат тие во соопштението.

    Потсетија и дека на косовските безбедносни сили, пак, им е потребна согласност од командантот на КФОР за влез на северот на Косово.

    „Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат постоечките договори и ги повикуваме да продолжат да го прават тоа. КФОР има капацитет и работна сила да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници, според одредбите на Резолуцијата 1244 на ОН од 1999 година. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата на терен и активностите долж административната линија, истовремено поддржувајќи го дијалогот за да се постигне договор што би ги намалил тензиите на северот на Косово“, се заклучува во соопштението на КФОР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img