Актерот Кевин Костнер се разведува по 18 година брак, а барањето го поднела неговата сорпуга Кристин Баумгартнер. Парот има три деца.
Кристина навела дека до развод дошло поради „нерешливи причини“, а побарала и заедничко старателство над децата – Кејден (15), Хејсон (14) и Грејс (12). Костнер во вторникот одговорил на барањето за развод, а и самиот исто така барал заедничко старателство над децата.
Инаку, славниот 68-годишен актер и 19 години помладата Кристин која е модел и моден дизајнер, започнале да се забавуваат во 1999 година, а се венчале на ранчот на Кевин „Костнер Аспен“ во Колорадо во 2004 година, пренесува „Дејли мејл“.
„Се случиле околности надвор од негова контрола кои доведоа до тоа господин Костнер да мора да учествува во постапката развод. Тој е многу тажен пoради тоа. Ве молиме да ја почитувате неговата и приватноста на Кристин и нивните деца додека поминуваат низ овој тежок период“, пишува во соопштението на портпаролот на Костнер.
Убавата 49-годишна сопруга на Костнер не барала алиментација, но ќе ѝ биде исплатено издржување во состав со условите на предбрачниот договор.
На Костнер ова му е втор брак, од 1978 до 1994 година тој бил венчан за Синди Силва, а и со неа има три деца – Емни (39), Лили (36) и Џо (35). Тој има уште еден син Лијам којшто го добил додека се забавувал со Брижит Руни.
Во ноември Костнер имал само пофални зборови за сопругата во едно интервју, велејќи дека „се е поубаво поради неа“.
„Таа прави работи кои едноставно помагаат. Куќата е поубава поради неа, се е потопло околу неа. Прави мали нешта со кои ја покажува силата на љубовта“, рекол Костнер.