Ќерката на Меган Маркл и принцот Хари го прослави роденденот во Америка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иако нејзиниот роденден беше вчера, Меган Маркл и принцот Хари изминатиот викенд го прославија роденденот на нивната ќерка Лилибет Дијана, приредувајќи забава за семејството и пријателите во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

Прославата на третиот роденден на Лилибет Дијана започнала веќе минатиот викенд, со забава организирана во домот на војводата и војвотката од Сасекс во Монтесито. Меѓу гостите биле најблиските пријатели, но и блискиот круг на семејството, од страната на Меган, како и малите пријатели на Лилибет Дијана, пишува магазинот „Пипл.“

Очекувано, на забавата немало никој од семејството на Хари, а не е познато дали роденденски желби испратиле преку мејл или телефон. Останатите детали од прославата сè уште се чуваат во тајност, како и фотографиите од неа, но нема сомнеж дека било забавно.

 

Тригодишната принцеза е родена на 4 јуни 2021 година, откако нејзините родители, принцот Хари и Меган Маркл, отстапија од кралските должности и се преселија со нивниот син Арчи, роден во 2020 година, во Монтесито, каде што купија луксузна вила.

Во објавата по повод нејзиното раѓање, на страницата на Фондацијата Арчевел, тогаш беше наведено дека таа го добила името по прекарот од младоста на кралицата Елизабета Втора, додека името Дијана било дадено во чест на нејзината покојна баба, принцезата Дијана. Но, Лилибет Дијана од раѓање сите ја нарекуваат Лили, па така останало до денес.

Заедно со името оди и титулата принцеза, која ја доби откако нејзиниот дедо, поранешниот принц Чарлс, стана нов британски крал во септември 2022 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article