Вајолет Афлек (18), најстарата ќерка на поранешните сопружници Бен Афлек (51) и Џенифер Гарнер (52), често поминува време со своите родители, а заедно шетаат по улиците на Лос Анџелес. Многумина забележаа дека на повеќето излегувања, Вајолет го покрива лицето со маска, а сега откри и зошто. Таа проговори за здравствената состојба која влијаела на нејзиниот живот.
Вајолет присуствувала на состанокот на Надзорниот одбор на округот Лос Анџелес и ги претставила своите барања за носење маска. Притоа открила од што боледува и самата.
– Се заразив со поствирусна болест во 2019 година. Сега сум добро, но од прва рака се уверив дека медицината нема секогаш одговори за последиците дури и од безопасни вируси – рекла таа, додавајќи дека пандемијата на ковид-19 тоа дополнително го влошила.
– Една од 10 инфекции доведува до долг ковид, кој е разорувачка невролошка и кардиоваскуларна болест што може да им ја одземе способноста на луѓето да работат, видот, да се движат, па дури и да размислуваат. Повикувам на достапност на маски, филтрирање на воздухот и далечената УВЦ светлина во владините установи, вклучително и затворите и центрите за притвор, како и барања за маски во медицинските факултети во земјата – објаснила таа.
Инаку, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се венчаа во 2005 година, а се разведоа неколку години подоцна. Заедно имаат три деца, Вајолет, Серафина и синот Семјуел.