More

    Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит јавно се откажа од презимето на нејзиниот татко

    spot_img

    Захара Џоли-Пит, ќерката на најпознатиот поранешен актерски пар Анџелин Џоли и Бред Пит, деновиве има причина за славење. Имено, оваа 18-годишна студентка на Универзитетот Спелман во Атланта се приклучи на првото црно сестринство во историјата на Алфа Капа Алфа.

    На социјалните мрежи сега се шират видеа од воведот, а многу фанови беа изненадени од јавниот настап на Захара. Имено, таа за време на прославата застанала пред поголема група луѓе и гласно рекла: „Се викам Захара Марли Џоли“, со што открила дека се откажала од презимето на нејзиниот татко, пренесува Index.hr.

    Многумина не беа изненадени од одлуката на Захара, особено откако Пит на почетокот на годинава изненади со својата реакција на прашање на новинар од магазинот People, кој се интересираше колку е горд на својата ќерка по повод нејзиниот прием на факултет. „Да, прекрасно е. Навистина убава“, кратко прокоментира тој.

    „Тие деца не зборуваат со него“
    Видеото одекна на социјалните мрежи, а речиси сите заклучија дека Пит веројатно не бил свесен за овој факт. „Тие деца не зборуваат со него“, „Ова сигурно не го знаел“, „Штотуку дозна“, се само дел од коментарите кои обожавателите ги напишаа на социјалните мрежи.

    Многумина веруваат дека Захара го прекинала контактот со својот татко поради браќата Медокс и Пакс, со кои Пит со години нема никаков контакт.

    Конфликтот за старателството над децата се уште трае
    Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокса (14).

    За потсетување, Анџелина Џоли поднесе противтужба против Бред Пит во која упати сериозни обвинувања против нејзиниот поранешен сопруг. Таа детално го опиша она што го опиша како злоупотреба во приватен авион во 2016 година.

    „Кога едно од децата вербално ја бранеше Анџелина, Пит се нафрли по детето, а Џоли го фати одзади за да го спречи. За да ја симне Џоли од грбот, Пит се фрлил наназад на седиштето од авионот, нанесувајќи и повреди на грбот на Анџелина“, се наведува во документите доставени до судот.

    Претставникот на Пит изјави за Си-Ен-Ен дека наводите „се целосно невистинити и дека Анџелина користи лаги за да ги сврти децата и јавноста против нивниот татко“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img