Полицијата во Ниш ја уапси 56-годишната Д.М. поради сомневање дека го убила нејзиниот татко кој бил неподвижен.
Телото со бројни повреди го пронашла медицинска сестра која доаѓала во станот за терапија. Соседите велат дека тој бил мирен човек кој бил медицинско лице пред да замине во пензија. Жената му починала, а имал само една ќерка која се омажила, но за кратко се развела и се вратила во станот кај таткa си.
Неговиот сосед Зоран раскажал како дознал за убиството, пишува српски Блиц.
– Во селото пристигнав синоќа околу 21 часот. Слушнав дека ќерката го убила својот татко Славко. Го познавав бидејќи со години живеев во тој влез и бевме добри пријатели. Соработувавме во куќниот совет – изјави тој.
Таткото и ќерката постојано се карале, а таа наводно имала проблем со менталното здравје.
– Постојано се караа, ќерката е ментално болна, постојано се лекуваше. Додека тој беше здрав, се грижеше за нејзиниот третман, но доби рак на кожата, беше опериран и не беше добро – објаснува соседот.