Амбасадата на Украина во Црна Гора најостро ја осуди управата на кафулето во Подгорица, „Руски бар“ во блокот пет, чии вработени ја носат буквата „Z“ (З) на работните униформи. Тоа е симбол на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.
Според објавата на официјалниот профил на Фејсбук, Украинската амбасада поради ова испратила допис до надлежните органи на Црна Гора:„Ние сме револтирани што еден од угостителските објекти во главниот град на Црна Гора толку смело и отворено ги поддржува руските злосторства против Украина. Амбасадата испрати нота до надлежните органи на Црна Гора и ќе чека официјален одговор“.
Црногорските надлежни органи засега не соопштуваат ништо.
Антон Герашченко, заменикот-министер за внатрешни работи на Украина, на својот Твитер профил објави фотографија од келнер од подгоричкиот „Руски бар“, со прашањето: Дали е вистина дека вработените ја носат таа ознака?