Кејти Едвардс се забавувала со актерот во 2006 година и останала блиска со него дури и откако раскинале.
Таа ги посочила необичните објави на Пери на социјалните мрежи како доказ дека тој можеби повторно користел дрога.
„Има многу работи кои не ми се јасни. Не верувам дека само се удавил во џакузи, не ми звучи логично“, изјавила Едвардс за британски „Сан“.
„Го познавам Метју и знам дека не би се удавил тука-така. Мислам дека можеби земал таблети. Рекоа дека немало лекови против болки на местото на настанот, што не ме чуди. Тој беше параноичен и ќе ги сокрише сите , така што немало докази“, додала таа.
Во последните објави, актерот се потпишувал како Метмен, што на неговата поранешна и било сомнително.
„Бев со него кога се дрогираше, иако не се дрогирав со него. Секогаш кога ќе му кажев дека можеби треба да ја намали дрогата, тој ми велеше: „Не, јас сум Метмен“.
Таа додала дека Пери често бил опседнат со вода кога бил „среден“.
„Извесно време неговиот сосед во Холивуд Хилс го пронајде Метју гол во базенот. Морав да одам таму и да го извадам од базенот на неговиот сосед. Тој постојано беше во вода додека се дрогираше“.
Да потсетиме дека во документот, објавен од Заводот за јавно здравје во Лос Анџелес и кој е во сопственост на порталот „Бласт“, се наведува дека причината за смртта на Пери е „сè уште непозната“ бидејќи се чека детална анализа на неговите токсиколошки наоди, по првите резултати покажале дека во неговата крв нема траги од недозволените супстанци фентанил и метамфетамин.