Принцезата Кејт Мидлтон завршила со хемотерапиите и дека е фокусирана на тоа „да остане здрава“, објави во видео од палатата Кенсингтон.
– Како што летото завршува, не можам да ви кажам какво олеснување е што конечно го завршив мојот третман со хемотерапија – вели принцезата од Велс.
Таа во март откри дека има рак и дека веќе почнала со лекувањето, при што во најголем дел од годината не се појавуваше во јавност. Кралското семејство никогаш не откри за каков рак станува збор.
– Оваа година беше неверојатно тешка. Животот што го знаете може да се промени во секунда – пишува во поракат Кејт.
Нејзините здравствени проблеми почнаа во јануари, кога беше примена во болница за операција на стомакот, за што исто така не беа објавени детали.