Кејт Мидлтон е прва во кралското семејство што доби ваква чест

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британскиот крал Чарлс ја одликува принцезата Кејт Мидлтон за годините кои ги посвети на јавната служба.

Таа беше назначена во „Орденот на почесни придружници“, со што првпат по 100 години на член на кралското семејство дму е доделена оваа чест, како дополнителен доказ за огромната почит што монархот ја има за принцезата од Велс, пишува „Дејли мејл“.

Наградата не е директен подарок од кралот, но Кабинетот делумно ја спроведува по негова препорака.

Кејт стана член на „Орденот на почесни придружници“, кој беше основан од кралот Џорџ Шести во 1917 година за да ги признае извонредните достигнувања во уметноста, науката, медицината и јавната, националната служба. Освен што ова е благодарност за извонредното извршување на нејзините должности, во текот на речиси 13 години (од кога се омажи за принцот Вилијам во 2011 година), тоа е и признание за нејзиниот придонес во уметноста.

Веста за наградата доаѓа откако вчера беше објавена фотографијата на принцот Луис во чест на неговиот шести роденден и шест дена пред 13-годишнината од бракот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Со бракот со принцот од Велс, таа официјално стана член на британското кралско семејство, а по таа венчавка започнаа низа нејзини јавни ангажмани. Таа најпрво ја носеше титулата војвотка од Кембриџ, а минатата година Чарлс Трети ѝ ја додели титулата принцеза од Велс.

Наградата е еден од поновите потези од ваков вид на кралот Чарлс, односно понова награда која вклучува почести за четворица постари членови на кралското семејство, меѓу кои се Кејт, Вилијам и кралицата Камила.

Share This Article