Кејт Хадсон позира топлес и во танга бикини

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерката Кејт Хадсон изминативе неколку дена ужива во убавините на топлото време и редовно споделува фотографии на социјалните мрежи.

Кејт Хадсон (44) ги почести своите обожаватели со топлес фотографија на која се сонча покрај базен, а градите ги покри со книга. На другата фотографија, актерката позира свртена со грб, облечена во танга костим за капење.

 

 

„Облечи се, ти си мајка. Како не ти е срам; Престани да бараш внимание; Биди малку поскромна, сепак имаш ќерка; О, не Кејт, ова не ти требаше“, и напишаа следбениците.

Инаку, на фотографиите се најде и нејзината најмлада ќерка Рани, која ја доби со партнерот Дени Фуџикава (36) во 2018 година.

 

- Advertisement -
Ad image

Кејт има уште две деца од претходните врски.

Постариот син Рајдер (19) го доби со поранешниот сопруг Крис Робинсон (56), а помалиот син Бингам (12) со музичарот Мет Белами (44).

Актерката за нејзиниот однос со различните татковци на нејзините деца зборуваше минатата година за „Сандеј тајм“.

- Advertisement -
Ad image

– Можеби однадвор не изгледа традиционално, но внатре имам чувство дека го убиваме. Заедницата што ја создадов со три деца со тројца различни татковци е сериозно силна – рече тогаш таа.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article