Актерката Кејт Хадсон изминативе неколку дена ужива во убавините на топлото време и редовно споделува фотографии на социјалните мрежи.
Кејт Хадсон (44) ги почести своите обожаватели со топлес фотографија на која се сонча покрај базен, а градите ги покри со книга. На другата фотографија, актерката позира свртена со грб, облечена во танга костим за капење.
„Облечи се, ти си мајка. Како не ти е срам; Престани да бараш внимание; Биди малку поскромна, сепак имаш ќерка; О, не Кејт, ова не ти требаше“, и напишаа следбениците.
Инаку, на фотографиите се најде и нејзината најмлада ќерка Рани, која ја доби со партнерот Дени Фуџикава (36) во 2018 година.
Кејт има уште две деца од претходните врски.
Постариот син Рајдер (19) го доби со поранешниот сопруг Крис Робинсон (56), а помалиот син Бингам (12) со музичарот Мет Белами (44).
Актерката за нејзиниот однос со различните татковци на нејзините деца зборуваше минатата година за „Сандеј тајм“.
– Можеби однадвор не изгледа традиционално, но внатре имам чувство дека го убиваме. Заедницата што ја создадов со три деца со тројца различни татковци е сериозно силна – рече тогаш таа.
ФОТО: Инстаграм