Српскиот водител Огњен Амиџиќ во своето шоу „Амиџи шоу“ го угости српскиот пејач Драган Коиќ Кеба, кој во рубриката „Прашања од Инстаграм“, одговорил каков однос има со Северина, неговата поранешна снаа.
„Не сме во контакт, минатото останува минато. Без разлика дали ова е напишано или кажано, бидете сигурни дека има повеќе добри спомени отколку лоши“, рекол Кеба.
Северина и Игор Коиќ, синот на Кеба, беа во брак шест години, а повеќе од една година се шпекулираше за развод. Сомнежите дополнително се подгреаја кога се отследија еден со друг на социјалните мрежи.
Од 2020 година тие не се видени заедно во јавноста. Српските медиуми претходно објавија дека Северина се скарала со свекорот и свекрвата додека била во карантин за време на коронавирусот во нивниот дом во Белград и дека тие не биле во добри односи.
Северина и Игор се венчаа на 25 септември 2015 година во Бале, Истра, опкружени со нивните најблиски пријатели и семејството. Два месеци подоцна, во Белград следеше граѓански брак пред околу 600 гости, а љубовта ја крунисаа на патување во Африка.