„Ќе ви ја разбијам социјалистичката агенда!“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со комерицјален редовен лет и со многу селфија и слики со луѓе од авионот претседателот на Аргентина Хавиер Милеи патуваше кон Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија, пишува Ројтерс. Милеи минатото лето изјави дека тој сака во Давос да ја донесе идејата за слобода која, според него, е „контаминирана од социјалистичката агенда од 2030 година, која ќе донесе само мизерија на светот“.

Неговиот портпарол Мануел Адорни рече дека претседателот патувал со комерцијален лет за да заштеди повеќе од 300.000 долари. На маргините на форумот во Давос, аргентинската делегација ќе се сретне со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

Милеи се соочува со предизвици да ја реши големата економска криза во земјава – да ја заузда годишната инфлација која е над 200 проценти, да обезбеди девизни резерви кои сега се во минус и повторно да привлече инвестиции.

 

 

Share This Article