Ќе си го одржи ли „Газпром“ зборот?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на германската Федералната агенција за енергетска мрежа, Клаус Мулер, рече дека рускиот гигант „Газпром“ го реноминирал протокот на гас во гасоводот „Северен Тек“ на околу 530 гигавати час дневно, јавува Ројтерс. Ако е точно, тоа би значело дека „Газпром“ ќе го одржи зборот и ќе пушти гас по десетдневниот ремонт на гасоводот.

„Тоа би било околу 30 отсто искористеност. Можни се и други промени“, напиша Мулер во твитот.

Претходно денеска, податоците од мрежниот оператор „Гаскад“ покажаа дека влезната точка на гас во Лубмин, каде што „Северен тек 1“ паѓа на копно во Германија, регистрираше нотификација за 21 јули, 06 часот по средноевропско време, кога работите за одржување на Гаспром- цевковод во сопственост завршува.

„Нотификациите“ се известувања кои извозниците и увозниците на гас ги пренесуваат до операторот на мрежата пред да ги испорачаат или примат нивните испораки.

Нотификациите покажале пораст до 787.088 киловат часови на час за периодот од 6 до 7 и од 7 до 8 часот по централнот европско време. Потоа, тие ќе се зголемат до 12,163 милиони киловат часови.

„Номинациите за испорака на 21 јули се направени по должината на гасоводите НЕЛ и ОПАЛ, кои се напојуваат од „Северен тек 1“. Ова е клучен показател, но не и целосен доказ, дека „Газпром“ ќе продолжи со протокот на клучната цевка во четврток наутро“, објави аналитичарот Том Марзек-Мансер на Твитер.

Share This Article