More

    Ќе секне ли помошта за Киев кога Трамп ќе стапне во Белата куќа?

    spot_img

    Белата куќа брза да ги испорача последните 6 милијарди долари воена помош предвидени за Украина за време на мандатот на американскиот претседател Џо Бајден, кој ја напушта функцијата во јануари идната година, пишува Политико.

    Оваа помош има за цел да ја зајакне владата во Киев пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на 20 јануари следната година.

    Трамп во претседателската кампања ги критикуваше одлуките на Бајден за одобрување на помош за Украина, што предизвика загриженост за иднината на американската поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Трамп исто така ја осуди одлуката на Бајден да испрати касетна муниција во Украина велејќи дека овој потег води кон трета светска војна.

    Според анализите на дел од американските медиуми, се очекува кога Трамп ќе влезе во Белата куќа да се суспендира американската помош за Киев. Во таа насока, постојат сомнежи и дали Европа е способна сама да ја преземе финансиската и воената поддршка за Украина.

    Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, последен пат одобри помош за Украина во април годинава, вклучувајќи ги и одобренијата за пренос на оружје од американските залихи.

    Информацијата дека администрацијата на претседателот во заминување планира итно да ги испрати последните шест милијарди долари за помош на Украина ја објави колумнистот на „Политико“, Џек Деч на социјалната мрежа Икс.

    Во кампањата Трамп уверуваше дека рускиот претседател Владимир Пуин никогаш немаше да ја нападне Украина доколку тој беше на функцијата, посочувајќи дека доколку повторно биде избран за претседател, ќе преговара за решение на кризата во рок од 24 часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img