More

    Ќе се утврдува што го запалило подрумот

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со полициски екипи гo започна увидoт во зградата на улицата Прохор Пчињски во Чаир чии подрумски простории беа опожарени на 2 октомври.

    Од МВР информираа дека претходно од страна на СВР Скопје биле извршени сите подготовки и бил обезбеден влез во објектот, а пристапот до објектот се врши строго контролирано и во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

    – Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази – информираат од МВР.

    Во гаснењето на пожарот кое траеше повеќе од 8 часа, учествуваа 20 пожарникари со 7 противпожарни возила, а поради густиот црн чад од Итната медицинска помош информираа дека имаат дадено медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар, како и на една бремена жена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img