More

    ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ЗГРАДАТА НА „МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“

    spot_img

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека зградата на „Македонска пошта“ ќе се реконструира со европски фондови и очекува во догледно време да има предлог до Владата.

    На новинарско прашање по денешното отворање на доградбата на објектот „Кокиче“ во општина Кисела Вода, во врска со апелите на евроамбасадорот Дејвид Гир да не се дозволи да пропадне зградата, Битиќи рече дека веќе има формирано работна група.

    – Евроамбасадорот во суштина бара да бидеме малку побрзи. Инаку, се работи, има работна група помеѓу Министерството за култура и „Македонски пошти“ за да се види начинот, како е возможно од друга институција да се инвестира во дел од објектот на „Македонска пошта“. Мислам дека се во финална фаза на елиминирање на правните недостатоци, што не овозможуваа досега да се интервенира постапката и оти во догледно време, ќе дојдат со предлог до Владата и веќе да почне да се реализира инвестицијата. Инаку, таа ќе биде преку европски фондови, што, едноставно, сакаат да ни помогнат да го зачуваме тоа што е културно наследство – истакна Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img