На 19 декември 2024 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 53. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе бидат презентирани трудовите:
„Проценка на ефикасноста на јавните трошења во земјите од Југоисточна Европа – техника за анализа на обвивка на податоци (DEA)“ од авторите Весна Гарванлиева Андонова и Борче Треновски и „Хиерархиска економска анализа на меѓународната трговија со услуги“ од авторите Филип Насковски, Мартин Бојковски, Димитар Пешевски и Димитар Трајанов.
По презентациите на трудовите e предвидена дискусија.
Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 18 декември 2024 година (среда).Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.