Ќе се обучуваат за кризни ситуации во возови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска се одржа оперативно-тактичка вежба на Специјалната антитерористичка единица „Тигар насловена „Перон 192, а по повод презентација на новиот полигон за обука, во рамки на стрелиштето во касарната „Илинден“ во Скопје, кое претставува и база за подготовки на САЕ ТИГАР.

– Откако пред година и половина беше оспособен просторот за реализација на модерното стрелиште за гаѓање, како дел од полигонот за урбана борба, во чиј состав влегува Куќата за гаѓање и автобусот за вежби, после 41 година се наметна потребата од доопремување на полигонот за работа на тубуларни системи со елементот за обука и вежба за решавање на кризна ситуација во воз. За таа цел, по примерот на европските полиции, беше неопходно да бидат поставени вагони кои би ја доловиле ситуацијата што поблиску до реалноста, а со чија помош припадниците на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР ќе можат практично да вежбаат за вакви ситуации. За комплетирање на овој сегмент од полигонот за обука, заслужни се неколку општествено-одговорни фирми, кои ја препознаа потребата да биде докомплетиран и овој сегмент – соопштија од МВР.

Министерот Оливер Спасовски додели плакети за благодарност на Македонски железници Транспорт, Македонски железници Инфраструктура, ФАКОМ Доо Скопје и РАПИДБИЛТ- Куманово. Тој врачи и плакета за долгогодишен особен придонес во промоцијата на професионализмот во Министерството за внатрешни работи на началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.

Share This Article