Производителите на автомобили наоѓаат нови начини за заработка па така некои од опциите што се во игра се да се плаќа месечен надомест за греење.
Ваквите идеи во автомобилската индустрија се вртат со години, а „Мерцедес“ веќе почна да нуди дополнителни услуги за кои наплаќа претплата.
Сепак, треба да се види како пазараот ќе реагира на овие новости. Многумина од познавачите велат дека клиентите нема да бидат задоволни затоа што ќе сметаат дека два пати плаќаат за истото – еднаш кога го купуваат автомобилот и еднаш со месечните надоместоци.
Меѓутоа и автокомпаниите имаат свој ас во ракавот. Тие нагласуваат дека ваквиот начин на работа би ги направил основните верзии на автомобилите поевтини, а потоа купувачот би можел да го надгради својот автомобил со дополнителни опции.
Планот е компаниите да наплаќаат меѓу 10 и 25 долари месечно со што би добиле повеќе средства и стабилни приходи.
Јапонските компании Субару, Лексус и Тојтоа веќе наплаќаат дополнително за отклучување на автомобилот и негово палење преку апликација. Возачите на БМВ имаат можност да доплатат за автоматско вклучување на долгите светла, а германскиот гигант размислува и за месечна претплата за греење на седиштата.