More

    Ќе се менува законот за да се олесни изградбата на школи, амбуланти и на катни гаражи

    spot_img

    Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт кое преложи измени на  Законот за урбанистичко планирање за надминување на ваквата состојба.

    Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините – за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови.

    -Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план. Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој – истакнува Министерството.

    Како што нагласува, недозволиво е поради немање адекватна правна рамка, општините и државата да не се во можност да ги реализираат своите развојни програми и реализацијата на капиталните проекти да трае со години, дури и со децении.

    -Во тој контекст би сакале да потенцираме дека околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции. Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото „молчењето е одобрување”, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба  на службена должност – нагласува Министерството.

    Во соопштението се додава и дека поради неколку потврдени примери на дивеење на одредени општини, со предложеното законско решение целта е токму да се зајакне улогата на Министерството како контролен механизам во процесот и да се стави ред, а законите да важат подеднакво за сите граѓани.

    -Со измените е невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. Така се спречува дивеење – потенцира Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img