More

    Ќе се исклучи ли и последната печка на „Еуроникел Индустри“?

    spot_img

    Синдикатот на „Еуроникел Индустри“ најави блокада на фабриката утре, ако на денешната средба со раководството на компанијата не најдат заедничко решение како да се одржи во производство единствената печка која е во функција и да не се отпуштат 800 работници.

    – Синдикалната организација е крајно незадоволна и загрижена. Ако не се исполнат нашите барања, ќе се блокира влезот на фабриката и никој нема да биде пуштен да влезе до решавање или одговор на прашањата кои се крајно загрижувачки за работниците- дали ќе има струја за печката, кога ќе се исплати вториот дел од  платата за септември и што ќе се случува со компанијата и вработените во наредниот период  – вели претседателот на Синдикатот Миле Ѓорѓиев.

    Од Синдикатот на индустријата, рударството и енергетиката (СИЕР) во чиј состав е и синдикалната организација на „Еуроникел Индустри“ велат дека последните денови имаат постојани средби со раководството на компанијата на кои се инсистира да се одржи производството за да можат да останат на работа 800 луѓе и уште најмалку 400 до 500 луѓе кои се поврзани со работењето на компанијата.

    – Проблемот е што во компанијата има сопственички превирања кои предизвикуваат проблеми во работењето на компанијата. Поради ова нема доволно репроматеријали за работа на единствената печка која во изминатите неколку месеци работи со намален капацитет, односно е во фаза на топло одржување. Информирани сме дека платена е струја само за уште 2 дена за работа на печката. Дополнително немаме одговор кога ќе бидат исплатени додатоците на плати за септември и каква ќе биде судбината на работниците потоа. Денеска имаме уште една средба со раководството, па дури потоа ќе биде појасно каква ќе биде судбината на компанијата и работниците – вели Игор Герасов, претседател на СИЕР.

    Герасов апелира во решавањето на проблемот со обезбедувањето струја за комбинатот да се вклучи и владата, бидејќи како што вели оваа компанија е една од поголемите во земјава и се работи за 800 работници.

    – Ако не се обезбеди струја по 2 дена печката ќе мора да се исклучи, а без работа ќе останат 800 луѓе и дополнително уште 500 други кои се вработни во фирми кои соработуваат со компанијата. За повторно вклучување на печката ќе бидат потребни до 15 милиони евра. Оваа печка троши по 4 до 5 мегавати струја на час и мислам дека владата може да најде решение со ослободување на овие количини на струја. За ова треба да се вклучат во решавање на проблемот и министерствата кои се задолжени за економијата – вели Герасов.

    „Еуроникел Индустри“ во изминатите месеци поради низа проблеми, го намали производството на 500 до 600 тони месечно со цел да не ја исклучи печката која има капацитет од 1.500 тони.

    Првите проблеми во компанијата се јавија лани откако цената на струјата загрижувачли порасна, а цената на производот почна дарастично да паѓа што предизвика проблеми во работењето. Раководството на компанијата тогаш реши да остави во функција една од печките се до подобрување на цената на никелот. Проблемите се продлабочуваа и од почетокот на годинава, а деновиве кулминираа кога на работниците не им беа исплатени додатоците на плати.

    Работниците се сомневаат дека сопственикот на компанијата сака да ја продаде фабриката, само не може да се договори за цена со потенцијалниот инвеститор, што пак од компанијата се демантира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img