Ќе се формира Агенција за дигитализација- Секој ќе има електронски потпис и електронска лична карта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ќе се формира Агенција за дигитализација, која ќе биде надлежна за управување со околината за безбедна размена на податоци, поставување стандарди за ИКТ и кибер безбедност за сите засегнати страни, давање насоки за управување со промените при дигитална трансформација на администрацијата и за подигнување на јавната свест за оваа проблематика.

Ова се вели во соопштението од седницата на Владата, на која таа го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството. Овој документ минатиот месец беше усвоен од Националниот совет за дигитална трансформација на општеството.

Во соопштението се посочува дека Концептот за дигитална трансформација на општеството цели кон темелни промени во начинот на функционирање на институциите и подобрување на нивната ефикасност како сервис на граѓаните.

Покрај подобрувањето на слободниот пристап до јавните информации, една од клучните измени кои ги носи овој Концепт, како што информираат од Владата, е давањето предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи. Податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, а дигиталниот потпис создаден со лична карта е еквивалентен со своерачен потпис.

Имплементацијата на Концептот ја обврзува Владата да воведе електронска лична карта и да спроведе мерки за поддршка за поврзување на сите домаќинства на широкопојасни услуги во следните пет години.

Содржината на Концептот за дигитална трансформација на општеството е резултат од проектот за унапредување на дигитализацијата во земјава, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.

Share This Article