More

    Ќе се бара зградата на Работничкиот дом и минимална плата од 450 евра

    spot_img

    Сојузот на синдикати на Македонија најавува неколку протести во следниот период. На 2 април, ССМ ќе излезе на протест пред Врховниот суд поради одлуката што ја донесе овој суд за одземање на Работничкиот дом, а на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот ќе го организира традиционалниот првомајски протест од кој ќе биде испратена порака дека работниците очекуваат најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена од новата влада и враќање на хранарината и превозот.

    – На 2 април ќе организираме протест од пред зградата на ССМ кој ќе заврши пред Врховниот суд во насока да им покажаме на судиите дека треба да се одважат и побрзо да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците имајќи предвид дека ССМ само пред еден месец достави предлог за повторување на постапката врз основа на новите докази до Основниот граѓански суд Скопје. Во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом и негово доделување на државата. На државата не и треба уште една зграда, и требаат работници и синдикати – рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција.

    Трендафилов информираше дека е испратено барање и до Уставниот суд бидејќи Врховниот суд не ја почитувал одлуката на Уставниот суд донесена во 1992 година во која се кажува дека државата нема право да одзема имот на синдикатите.

    – Им стоиме на располагање на уставните судии доколку не повикаат за да ги чујат нашите аргументи. Доколку е потребно, ќе се потпишат не само 17-те членови на синдикатите при ССМ, туку и сите 70 илјади членови на синдикатот – рече Трендафилов.

    Тој информира и дека на 8 април ќе протестираат  вработените во здравството бидејќи  нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор.

    – Протестот ќе биде токму во насока на изразување незадоволство од непотпишувањето на анексот на колективниот договор којшто веќе беше завршена работа, но поради политичките игри остана непотпишан и со тоа повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата – рече  Трендафилов.

    Според информациите на ССМ, освен вработените во здравството, усогласување на платите ќе нема и во образованието и во Министерството за внатрешни работи.

    – Усогласување со порастот на минималната плата ќе нема и во образованието поради непотпишување на колективниот договор. Според моите сознанија, и вработените во МВР нема да добијат усогласување на платите, меѓутоа управата на локално ниво, правосудството, правобранителството, јавнообвинителската служба, судската служба  ќе добијат усогласување имајќи предвид дека Синдикатот на УПОЗ потпиша низа колективни договори каде што ова право е утврдено меѓутоа и законските решенија, кои се обидуваа на мала врата да ги сменат пред објавата на висината на минималната плата, го овозможуваат тоа – рече Трендафилов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img