More

    Ќе расте бројот на Албанци во јавниот сектор

    spot_img

    Во државните институции и министерствата почнаа подготовките за усогласување на вработувањата по етничка линија откако министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити изработи нов балансер. До институциите стигнато е писмо од министерството во кое се наведува дека во планот за вработувањата од наредната година 31,54 отсто треба да се Албанци.

    Новиот балансер, според кој 31,54 отсто од администрацијата треба да се Албанци, Алити го изработи по објавување на податоците од пописот на население. До оваа бројка тој дошол така што на процентот на Албанци кои живеат во земјава (24,3 отсто) го додал процентот на оние кои се запишале како Албанци во дијаспората, уште 5,2 отсто или вкупно 29,54 отсто, а додал и плус два проценти од лицата кои не можеа да се најдат или го бојкотираа пописот лица, па беа административно попишани со вкрстување на податоци и изнесуваат 7,2 отсто.

    Владата вели дека побарала само да се тргне непопишното население, односно административно преброено, кое е 7,2 отсто, а од нив Алити пресметал дека 2 отсто се Албанци. Но, дозволува да се вметне дијаспората со што процентот на Албанци во администрацијата ќе биде 29,52 отсто, иако ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението кои живеат на територијата на Република Северна Македонија.

    И од Државниот завод за статистика предупредија дека при формирање на балансерот за вработувања единствена валидна категорија треба да е бројот на резидентно население. Но, и покрај тоа, Владата, со мала корекција ја прифаќа методологијата на Алити.

    – Владата преку Министерство за информатичко општество и администрација е во комуникација и координација со сите инволвирани страни. Се работи на реформи за балансерот. Во врска со балансерот важно е да се знае дека станува збор за алатка која не е нова, таа е направена за време на претходната власт, согласно пописот во 2002. Она што сега е случај е што балансерот е коригиран согласно пописот во 2021 година. Она што треба да се направи како дополнителна корекција е да се извадат од балансер оние кои не изразиле етничка припадност, односно 7,2% од граѓаните во Северна Македонија – велат од Владата.

    За вработувањата по етнички клучедиствена валидна категорија е резидентото население, информираат од Државниот завод за статистика.

    Во државните интистуции ќе се вработуваат 31,5 проценти Албанци, оти така пресметал министерот Алити, место 24,3 отсто како што вели законот.

    Според последниот попис, одржан во септември лани, на територијата на Македонија живеат 58,44 отсто Македонци, 24,3 отсто Албанци, 3,86 отсто Турци, 2,53 отсто Роми, 1,3 отсто Срби, 0,87 отсто Бошњаци и 0,47 отсто Власи. 7,2 отсто, или 132.260 граѓани, се попишани од административни извори и тие не влегуваат во процентите на националности. Според резултатите од самопопишувањето, во дијаспората се 66,36 отсто Албанци и 24,45 отсто Македонци.

    Кога ќе се соберат бројките од резидентното население во Македонија и самопопишаните македонски државјани во странство, 54,21 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 отсто се Турци, 2,34 отсто се Роми, 1,18 отсто се Срби, 0,87 отсто се Бошњаци и 0,44 отсто се Власи.

    Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за распределба на новите вработувања со соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку Годишни планови за вработување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img