Ќе помине 500 километри ако неговиот клуб се врати во Ла Лига

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден од најдобрите бразилски фудбалери на сите времиња, Роналдо Луис Назарио де Лима (45), тргна со велосипед од Ваљадолид до Сантијаго де Кампостела, на делница долга 500 километри позната како Патот на Свети Јаков за да го исполни ветувањето кое го даде во случај неговиот клуб да се врати во Ла Лига.

Роналдо, кој во 2018 година стана мнозински сопственик на Ваљадолид, вети дека доколку неговиот тим се врати во прволигашката конкуренција ќе ги мине Патот на Светски Јаков во пет етапи со велосипед заедно со својата сопруга.

Ваљадолид се врати во Ла Лига по една второлигашка сезона.

„Ветив дека ако се вратиме во Ла Лига ќе го направам Камино де Сантијаго. Ќе го направам тоа со велосипед, бидејќи не можам да трчам. Знам дека ќе биде прекрасно. Знам дека физички ќе биде тешко, но ќе биде незаборавно искуство“, објави вчера Роналдо на социјалните мрежи пред поаѓањето од пред стадионот „Хозе Зомила“ во Ваљадолид.

Share This Article