Ќе поддржиме влада без нас на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Централното претседателство на ДУИ го заврши својот состанок во партиското седиште во Мала Речица, а партијата информираше дека се прифаќаат предусловите кои се упатени кон нив со цел да има промени во Уставот и за да почнат преговорите за членство во Европската унија.

Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека неколкучасовната седница била исклучиво наменета за оваа одлука.

Тој посочи дека на седницата се анализирал состанокот на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по кој имаше и одговор на ДУИ во однос на барањето на опозицијата да се формира Влада во која нема да учествува нивната партија, како предуслов за поддршка на уставни измени.

– Прво, историскиот момент пред кој се наоѓа државата како можност за брзо членство во ЕУ пред сè создадена со геополитичката случувања со војната во Украина. Повикувајќи се на консензуалната потреба на луѓето, без разлика на припадност, за подобар животен стандард, за можност за задржување на луѓето овде, за брза трака за членство во ЕУ наредните години, централното претседателство ја реафирмираше консензуално и одлучно првичната одлука којашто ја претставивме веднаш после средбата на претседателите на политичките партии – дека ДУИ е спремна истиот ден кога ќе стапат во сила уставните измени да ја напушти Владата, доколку е тоа предуслов опозицијата да ги поддржи уставните измени – истакна Бујар Османи.

Тој рече дека нема поважно прашање денес од европската иднина на државата и европската иднина на граѓаните.

– Имаме историска шанса којашто доколку ја пропуштиме нема да ја имаме сигурно во наредните 10-20 години. Затоа ДУИ проценувајќи го овој моментум врз основа на кредибилни информации коишто и јас ги претставив на седницата на ЦП и тоа што Али Ахмети го образложи, донесе одлука да поддржи една таква одлука во којашто ДУИ ќе поддржи Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени – посочи Османи.

Од ДУИ велат дека нивното Претседателство бара паралелно да се одвива уште еден процес.

– Тоа е почеток на ветинг и истрага на сите политички партии, почнувајќи од претседателите до последниот партиски функционер, вклучувајќи и пратеници, функционери и така натаму, со цел еднаш засекогаш оваа злоупотреба на борбата против корупцијата за партиски цели да и се стави крај и да се институционализира. Сметаме дека е тоа многу важен процес за да создаде амбиент за да се изгради доверба за да може овој процес да се одвива побрзо – истакна Османи.

Share This Article