More

    Ќе плаќаме 200 денари за пристап до мрежа, струјата поевтини во првиот а поскапе во третиот блок

    spot_img

    Цената на струјата во првиот блок од 1 јануари следната година се намалува за 5,16%, во вториот блок и евтината останува иста, додека во двата последни блока цената се зголемува. Во третиот блок се зголемува за 2,88%, а во четвртиот блок се зголемува за 1,86%. Мрежарината се намалува за 23%, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на прес конференција рече дека доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на првиот блок ќе се зголемеше за 3,4 %, вториот блок ќе се зголемеше за 8,62%, третиот блок за 9,46%, а во четвртиот блок за 4,92%. Евтината тарифа ќе беше поскапа за 15,42%.

    – Водејќи се од интересот на граѓаните, а имајќи го предвид уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, а со цел  заштита на ранливите категории Регулаторната комисија за енергетика, и со оваа одлука рефлектира решенија со кои ќе го заштити стандардот на граѓаните – рече Бислимоски.

    Тој додаде дека со новиот концепт пристап кон мрежа, се направила фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите.

    Во сметката за електрична енергија ќе има уште една ставка, за пристап до мрежа, кој ќе го плаќаат сите, трошеле или не струја.

    – Сите потрошувачи, односно домаќинства ќе плаќаат 200 денари за пристап на мрежа. Дополнително, потрошувачката на струја се намалува во земјата пред сѐ поради поставувањето фотоволтаици на домаќинства и компании. Не беше фер тој товар да го понесат потрошувачите кои не поставиле фотоволтаици на своите кровови. Ова е правилен пристап според нашата институција – додаде Бислимоски.

    Тој информира дека цените од годинава ги утврдува ЕВН, а согласност за нив дава Регулаторната комисија за енергетика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img