More

    Ќе остане ли земјава без шеф на Вишото јавно обвинителство?

    spot_img

    Советот на Јавни обвинители нема кворум за закажување на седница за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во изјава за МИА, вели дека најрано што очекува да се обезбедат услови е кон средината на декември, но не гарантира дали тоа ќе се случи.

    – Сè додека не се обезбеди кворум за да може да се одржи седницата, истата не може да биде закажана – изјави Јолевски, посочувајќи дека во моментот се осум члена, заедно со Јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

    Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кандидатурата ја повлекол и Бурим Рустеми. Засега единствена кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи.

    Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски, за МИА, потврди дека Рустеми вчера до нив поднел известување дека се повлекува од кандидатурата, но без да образложи причини за тоа.

    Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, таа беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. На продолжението на 70-тата седница на 21 ноември Советот за Јавни обвинители немаше кворум да одлучува за оваа точка и именуваше вршители на должноста до создавање на услови за избор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img