More

    Ќе одговараат сите што подбуцнуваат меѓуетнички кофликт и го рушат поредокот, порача ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДСМ црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор, реагира владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската ДУИ.

    „Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДСМ не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот. Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img