Ќе му прости ли Путин на својот стар пријател?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вечерва изјави дека кривичната постапка против водачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, ќе биде повлечена.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) покрена кривична постапка против водачот на групата „Вагнер“ поради повикување на вооружен бунт.

Песков им рече на новинарите дека не знае каде се наоѓа водачот на „Вагнер“ во моментов.

Инаку, рече Песков, самиот Лукашенко предложил да разговараат со Пригожин бидејќи се познаваат долго време.

Портпаролот на Кремљ исто така рече дека оние „вагнеровци“ кои одбиле да одат во Москва со Пригожин ќе можат да потпишат договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација, како и дека државата нема да ги гони „вагнеровците“ заради нивните заслуги за време на Специјалната воена операција во Украина.

– Она што се случи нема да влијае на Специјалната воена операција, таа продолжува според планираното – рече Песков.

Бидејќи кадровските промени во Министерството за одбрана беа едно од барањата на Пригожин, Песков рече дека тоа прашање е во надлежност на претседателот на Руската Федерација и дека за нив не можело  да се разговара за време на преговорите Лукашенко-Пригожин.

Песков рече и дека Путин има целосна доверба во министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Share This Article